ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина соопшти дека резервите на крвни продукти се стабилни и оти крводарувањето продолжува.
Крводарувањето денеска ќе се спроведува во просториите на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје и тос од 8 до 18 часот, во центрите за трансфузиона медицина во Тетово, Битола и Штип од 8 до 18 часот, во службите за трансфузиона медицина во Куманово, Велес, Кочани, Гегелија, Струмица, Прилеп, Струга Општа Болница, Гостивар и Кичево од 8 до 15 часот и Ценатрот за дарување при ДХО Даре Џамбаз од 10 до 17 часот.