Македонија 23. јули 2020. / 15:34

Ременски: Поддршката за невладини организации не е кривично дело

Ременски: Поддршката за невладини организации не е кривично дело

На судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, поранешната пратеничка, Фросина Ременски, изјави дека таа и нејзината одбрана ќе докажат јавнообвнителско непознавање на работата на невладиниот сектор.

Ако оваа пракса се следи ќе се одврати правото на граѓаните на здружување и дека не треба да се критикува тоа право на невладините организации. Тоа не е кривично дело – Ременски истакна во своето обраќање пред Судот.

Според неа, според логиката на Судот, 80 проценти од пратениците ќе се најдеа на обвинителна клупа.

Дали поддршката и лобирањето за правата на ранливите категории граѓани треба да бидат инкриминирачки за еден пратеник – праша Ременски.