Македонија 10. октомври 2019. / 10:52

Ременски како осомничена во „Рекет” пристигна во Кривичниот суд

Ременски како осомничена во „Рекет” пристигна во Кривичниот суд

Пратеничката Фросина Ременски во моментот е во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка, дознава неофицијално „Фокус“.

Судијката на претходна постапка треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, кои ги бара обвинителката Вилма Русковска, бидејќи од вчера и Ременски е осомничена во проширената истрага за „Рекет“.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка.

За Јасна Мандиќ пак синоќа беше донесена одлука за куќен притвор.