По пет часа поминати во Обвинителството за организиран криминал каде вршеше увид во докази, пратеничката Фросина Ременски најде начин да ја напушти зградата без да ја видат новинарите, иако сите влезови освен службениот затворија во 14:30 часот.
Екипите видоа како полициските службеници ги заклучуваа вратите, а непознато е кој отвори за Ременски да излезе од зградата. Екипата на „А1он“ успеа да ја стигне пратеничката која тврдеше дека не бегала, туку била во банка, но не објасни како излегла од заклучените излези.
Може да не трчате по мене? Мислам не е културно. Не ги избегнав камерите, бев во банка“ рече Ременски, а откако и беше запрашана од кој влез излегла бидејќи сите се затворени, таа рече „Јас не знам дали вие сте вратари или новинари во Јавното обвинителство. Ако сте вратари, тогаш клучевите се кај вас и ќе знаете од каде излегов и каде бев“.
Пратеничката Ременски рече дека не завршила со увид во доказниот материјал против неа, а воедно, не знае ниту колкав обем на материјали има Русковска против неа.
Не завршив со увидот во доказите.Јас не сум видела досега доказ, рече Ременски.
Запрашана дали е злоупотребена од страна на Бојан Јовановски, пратениечка Ременски рече „на тоа ќе одговорам кога ќе треба“.
Целиот текст на А1.on можете да го прочитате ТУКА.