Некатегоризирано 16. март 2020. / 12:08

Рекордно намалување на цените на горивата од полноќ

Рекордно намалување на цените на горивата од полноќ

Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ. Бензините ќе се намалат за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар.

Намалувањето е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

– Со оваа одлука покажавме дека нашата методологија функционира и во пракса и е целосно ориентирана кон потрошувачите. Цената на безините 95 и 98 се намалуваат за 7,5 денари, а на дизелот за шест денари. Ова е пониско од рекордното намалување есента 2008 година кога цената на бензините се намали за седум денари, а на дизелот за 5,5 денари, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски.

Тој додаде дека цената на бензините и на дизелот е пониска во однос на државите од регионот.

Бислимоски порача дека електроенергетскиот систем, системот за топлинска енергија и снабдувањето со вода се одвива непречено и оти нема никакви проблеми.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат. Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта.