Македонија 23. ноември 2020. / 11:55

Реките во земјава под ноемврискиот просек, нивоата драстично намалени

Реките во земјава под ноемврискиот просек, нивоата драстично намалени

Под просекот за ноември се нивоата на Охридското и Преспанското езеро, како и на сите реки кај кои денеска се извршени хидролошки мерења.

Како што информира УХМР, драстичен пад и натаму бележат Вардар кај Јегуновце и Велес, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.

Преполовени се водостоите на Црна Река, Струмица, Крива Река и Лепенец.