Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи поради лошата здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски.
Тој цело утро бил прегледуван од затворските доктори. Судијката добила извсстување од затворот дека тој има болки во абдоменот и е изнемоштен.
Поради тоа лекарот кој го прегледувал дал мислење дека тој не може да го следи денешното судење.
Судијката ќе побара и конзилиарно мислење за неговата здравствена состојба за следните рочишта.