Рочиштето за процесот „Рекет“ се уште не е апочнато затоа што обвинетиот Бојан Јовановски не е донесен од истражниот затвор.
Во судницата е присутен неговиот адвокат Сашо Дукоски како и обвинителката Вилма Рускоска.
Јовановски минатата недела се пожали на здравствената состојба при што соопшти дека боледува од рак на желудник и затоа не може да ги следи судењата.
Судијката информираше дека чека одговор од затворот дали тој ќе биде донесен.