Македонија 14. април 2019. / 18:04

Река смета дека власта спрема полнење на кутии

Река смета дека власта спрема полнење на кутии

Граѓаните имаат недоверба во политичкиот систем и не им веруваат на изборите, имаме неимплементирани препораки на ОБСЕ-ОДИХР, немаме ажуриран избирачки список

-Зошто актуелните власти, владата и министерството за правда, не ги спроведуваат клучните препораки од 2016 од ОБСЕ -ОДИХР. Не е ажуриран изборачкиот список стои дека има милион и осумствотини илјади гласач, а знаеме дека до 2017 година иселени се 250 илјади граѓани. И ние на денот на гласање ќе имаме милион и петстотини и пеесет илјади гласачи. Ова е простор за манипулација со тие 250илјади гласачи. Тоа е терен за полнење кутии, за таканаречениот бугарски воз. Ќе се манипулира со тоие фантоми или 250 илјади гласачи кои не се тука во Македонија, рече Река.