Од електроенергетскиот систем во 14:16 часот испаднаа Блок 1 и Блок 3 на РЕК Битола. Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО, информира АД ЕСМ.
Преку таа трафостаница, се вели во соопштението од ЕСМ, РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.
–Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем, порачуваат од ЕСМ.