Поглаварот на Исламската верска заедница на Република Македонија, Шаќир еф. Фетаху го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Во објава на социјалните мрежи, шефот на ИВЗ рече дека муслиманите од Македонија ја споделуваат болката со семејствата по нападот во Виена.
Тој понатаму додаде:
-Длабоко сме тажни што дознавме за терористичкиот напад во Виена, Австрија. Ја споделуваме болката со семејствата на жртвите и целиот австриски народ, притоа силно го осудуваме секој чин и дело на насилство извршено во име на исламот и муслиманите, насочено кон одземање на животите на луѓето, оштетување на верски места, хаос и терор на улиците во Европа, ќе ги разниша темелите на меѓуверската толеранција и ќе предизвика неверување во муслиманската заедница како целина, пишува Фетаи.
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир еф. Фетаи го осуди и нападот во Кабул, Авганистан, каде на саем на книгата беа убиени повеќе од 22 лица.
На нападот во Виена му претходеше масакр во авганистанскиот град Кабул, каде на универзитетски саем на книги беа убиени повеќе од 22 лица. Ова јасно зборува за идеологијата на напаѓачите, чии постапки се кукавички, неприфатливи и забранети од сите исламски учења. Делата да не се повторуваат во иднина, пишува Фетаи.
(Shq, Mkd)
Kreu i BFI H. Hfz. Shaqir ef. Fetai dënon sulmin terrorist në VjenëKreu i Bashkësisë Fetare Islame të…
Posted by Bashkësia Fetare Islame e RMV – Исламска Верска Заедница на РСМ on Tuesday, November 3, 2020