Во своето обраќање по повод почетокот на празнувањето на Рамазан, поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи, порача дека Светиот Месец Рамазан доаѓа во едно чувствително и тешко време за целото човештво кое се бори со пандемијата предивикана од вирусот Ковид-19.
Речиси целото свое обраќање Реисот го посветува на здравјето, говорејќи дека овојпат муслиманските верници Рамазан го слават во време кога сите се обидуваат да се заштитат и себеси и своите семејства, но и општеството и целиот народ.
Апелирам и ве замолувам да се придржувате кон исламските принципи за своето здравје и за здравјето на другите луѓе околу вас, во исто време почитувајќи го тоа што го велат лекарите и екпертите во врска со пандемијата Ковид 19. Само така ќе победиме и ќе се вратиме на нашите животи, само така ќе бидат оправдани нашите молитви за спас што ги упатуваме на семоќниот Алах – порачува Реис Реџеп.
Тој посочува дека Рамазанот и во овие тешки денови ќе донесе радост во срцата, дека постот останува должност на секој верник кој е физички и психички здрав и дека ИВЗ веќе ги задолжила сите муфтијства во Македонија да ги извршуваат своите редовни верски обичаи за Рамазан.
Рамазанот ќе биде убав како и секогаш без оглед на ситуацијата што не обврзува нашите намази посветени на Алах да ги извршуваме во своите домови – вели исламскиот поглавар, посакувајќи им радост и многу здравје на верниците.