Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа направени се 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на коронавирус, додека пак на територија на Град Скопје регистрирани се 271 новозаболени.
Активни случаи по општини во Скопје денеска: Аеродром – 699, Карпош – 547, Центар – 519, Гази Баба – 450, Кисела Вода – 417, Ѓорче Петров – 286, Чаир – 166, Бутел – 152, Илинден – 63, Сопиште – 30,Шуто Оризари – 26, Сарај – 24, Петровец –21, Чучер Сандево – 14, Арачиново – 10, Зелениково – 9, Студеничани – 7.
Во моментов нераспределени има 100 случаи, додека пак странци се 22.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.