Речиси сите институции објавуваат мал број на информации или воопшто не објавуваат. Во 2019 година од 25 институции кои што беа следени во однос на проактивноста, само две од нив се оценети како делумно транспарентни, односно објавуваат меѓу 40 и 60 проценти од задолжителните информации и документи за своето програмско и буџетско работење, тоа се Владата и Министерството за финансии, додека пак здравствените институции се тие кои објавуваат најмалку информации. Овие податоци беа презентирани на денешната јавна онлајн дебата „Влијанието на новите политики и трендови врз (не)транспарентноста на јавните институции“, во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на – ЕСЕ.
На дебатата беше истакнато дека институциите најмалку објавуваат буџетски календар, усвоен буџет од отворен формат, ревизорски извештаи, буџетска изјава. Здравствените институции се тие кои објавуваат најмалку информации.
Најголем број на информации кои се однесуваат за буџетско и програмско работење има објавувано Министерството за финансии. Најмалку транспарентни се Здравствениот дом – Скопје и Центарот за јавно здравје – Кочани. Во 2020 година, сликата е значително променета, односно резултатите барем досега остануваат исти, беше потенцирано на онјалн дебатата.
Во однос на тоа колку институциите го почитуваат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Дарко Антиќ, програмски координатор од ЕСЕ истакна дека најголемиот дел од институциите коишто беа следени спаѓаат во групата на делумно транспарентни или нетранспарентни институции.
Кога зборуваме за реактивната транспарентност, односно колку јавните институции го практикуваат, односно почитуваат Законот за слободен пристап до информации со јавен карактер, од 80 мониторирани институции само 35 работеле според овој закон, односно 40 проценти се придружувале кон овој закон. Сите останати институции целосно не го почитувале или пак делумно го почитувале законот, рече Антиќ.
Во 2019 година, според него, има уназадување во однос на процентот на добиени одговори во редовна постапка, односно помалку институции обезбедиле информации во редовна постапка од 15 или 30 дена зависно од периодот кога се доставени барањата. Тој посочи дека има значително уназадување во просечниот број на денови на добивање одговор, во 2018 беше 68 дена, во 2019 година – 74 дена. Просечниот број на денови на добивање одговор по поведување на жалбена постапка се зголемил за пет, односно од 150 во 2018, во 2019 одговорот е добиен во период од 155 дена.
Антиќ потенцира дека во оние процеси во коишто се зборува дека се консултативни, голем дел од граѓанските организации не се вклучени во истите, а пак граѓаните воопшто немаат пристап и немаат како да пристапат кон информациите кои што ги објавуваат јавните институции и да го кажат своето мислење од една страна и дд друга страна, и немаат искуство, односно не ги разбираат податоците кои што се објавуваат.
Тој рече дека сето ова е заради три клучни проблеми: поради недостаток на детали, постоење на механизми за доближување на податоците и останатите политики до луѓето, и дека луѓето немаат каде и како да го искажат тоа што го идентификувале