Македонија 14. јули 2020. / 10:40

Речиси 8.200 заразени – Чаир, Тетово и Куманово најзагрозени општини

Речиси 8.200 заразени – Чаир, Тетово и Куманово најзагрозени општини

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања.

Најголем број активни има во Скопје – 1.788 лица, потоа Тетово со 292,  Куманово – 194, Штип со 178 и Струга со 171 случај.

Од скопските општини со најголем број на активни случаи е Чаир – 302, потоа Аеродром – 162 и Бутел -135.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 88 пациенти, во болницата во Битола – 28, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.