Македонија 26. декември 2019. / 12:19

Реакција на антикорупционерката: Мојата ќерка е вработена во секретаријатот од 2006 година

Реакција на антикорупционерката: Мојата ќерка е вработена во секретаријатот од 2006 година

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Софка Пејовска Дојчиновска излезе со реакција за информацијата која ја објави порталот Вечер дека нејзината ќерка најпрво е вработена во Секретаријатот за европски прашања, а потоа без конкурс испратена на испомош во Постојаната мисија на Македонија при Европската Унија во Брисел.

Таа во реакцијата информира дека е именувана за член на ДКСК од февруари 2019 година, а целиот свој работен век, од повеќе од четириесет години го има поминато во повеќе дежавни институции.

– Мојата ќерка Неда Дојчиновска е вработена во Секретаријатот за европски прашања  – Сектор интеграции, од 2006 година како правник,  при што во меѓувреме има завшено посдипломски студии по Европско право на Универзитетот во Мастрихт, реагира Дојчиновска.

Таа вели дека за сите детали за спроведување на постапката за изборот на нејзината ќерка и упатување во Постојаната Мисија при ЕУ одговорот да се бара во Секретаријатот за европски прашања.