Македонија

Разрешениот директор на затворот во Струга ќе се грижи за зеленилото во градот

Разрешениот директор на затворот во Струга ќе се грижи за зеленилото во градот

Арменд Шаќири, кого Владата го разреши од функцијата директор на затворот во Струга, каде се води истрага за нелегална трговија со дрога и оружје во која се инволвирани осуденици, со одлука на локалната самоуправа со која раководи Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, е назначен за директор на новото јавно претпријатие за паркови и зеленило – „Еко Струга“.

Во акција на МВР за разбивање на криминална група во саботата приведени беа петмина осуденици  од струшко, а едно е во бегство. Нив им помагал полициски инспектор против кого се води истрага. МВР не ја исклучи кожноста од проширување на кругот на осомничени, најавувајќи дека истрагата се уште е во тек и дека се проверува дали евентуално и други службени лица  се инволвирани во случајот.

Шаќири како раководител на струшкиот затвор дал исказ во полицијата, од каде не откриваат повеќе детали околу постапката, во интерес на истрагата. Во меѓувреме, тој е разрешен од функцијата директор на затворот во Струга, како што велат од владата, на негово барање. Сепак тој останува на раководна позиција, но во новото јавно претпријатие што го формира општина Струга со која раководи владејачката ДУИ.