Македонија 11. март 2021. / 16:50

Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Со одлука на Судски совет, денеска е разрешна судијката Софија Лаличиќ. Вкупно 11 членови од советот се изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а двајца биле „против“.

Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која се споменуваше и во прислушуваните разговори поради што беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.

Судскиот совет вели дека е донесена одлука со која еден судија се разрешува поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

– Истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, додаваат од Судскиот совет.