Македонија 09. јули 2019. / 19:29

Разрешен функционерот кој водеше оро со пиштол

Разрешен функционерот кој водеше оро со пиштол

Владата на Македонија, на денешната седница, го разреши досегашниот Претседател на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, пренесе Канал 5.

Пред неколку денови оваа телевизија објави видео на кое се гледаше дека Џеват Исени, играјќи на некоја свадабa, закачен за својот појас носи пиштол.

Реагираше сега веќе разрешениот прв човек на Бордот на АДСДП, кој тврдеше дека соодветниот пиштол бил сигнале, односно гасен.

Очигледно дека и Владата на Македонија некако не била баш убедена во „гасноста“ на соодветниот пиштол, па на денешната 143 седница го донесе следното решение да го разреши.

– На денешната седница Владата на РСМ донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП. – соопштија од Владата.