Македонија 01. декември 2018. / 19:21

Расправата за уставните измени продолжува утре

Расправата за уставните измени продолжува утре

Откако листата за пријавени пратеници за збор, не се исцрпи, расправата во Собранието за  XXXIII нацрт-амандман на Уставот на Република Македонија, во согласност со Договорот од Преспа, продолжува утре.

Во претпладневниот дел на 64. седница, премиерот Зоран Заев во расправата по нацрт-амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија, ја повика опозицијата на одговорност и побара да ги поддржи амандманите бидејќи друга опција освен влез во ЕУ и НАТО нема.

Од ВМРО-ДПМНЕ се согласија дека нема алтернатива за ЕУ и НАТО, но исто така потсетија дека Договорот од Преспа е штетен за Република Македонија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на 64. седница го закажа за утре во 11 часот.