Македонија 07. февруари 2020. / 12:33

Распишана меѓународна потерница за Kрасниќи и Рамадани

Распишана меѓународна потерница за Kрасниќи и Рамадани

За Агим Красниќи и Сехат Рамадани Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница откако двајцата членови на познатата Кондовска група по викенд отсуството не се вратија во затворот во Штип.

Красниќи и Рамадани беа дел од рупата од Кондово која пред 15 години се закануваше дека ќе го нападне Скопје. Двајцата на јавноста и се познати по повеќе извршени кривични дела, злосторничко здружување, кидинапирање и рекет.

Красниќи има за доиздржување уште три години и три месеци од казната затвор, додека Рамадани уште осум години и седум месеци.