Македонија 26. јуни 2018. / 18:45

Раскол во МАНУ – академиците поделени за прашањето за името

Раскол во МАНУ – академиците поделени за прашањето за името

Академиците поделени, а претседателот на МАНУ молчи. Највисоката научна институција во Македонија без заеднички став за најсуштинското прашање – името на државата и идентитетот на народот. Првиот човек Таки Фити повторно ја избегна камерата на Алфа и тврди дека сега не било време да се разговара за името.

Но различните изјави на академиците јасно го покажуваат и расколот кој владее во највисоката научна институција во земјава. Академик Владо Камбовски го правда преспанскиот договор ама не го споменува моментот дека токму потписот во Нивици ќе го промени и називот на МАНУ во Академија на науките на Северна Македонија.

Aкадемик Митко Маџунков,контра колегите гласно предупредува дека Македонија ќе биде избришана од картата на држави и ќе биде останеме држава и народ кој нема да имаме сила да ги издржиме притисоците однадвор.

Бурно реагира и академик Ќулафкова, вели задоцнета е реакцијата на МАНУ сега откако е потпишан договорот кој е рестриктивен во однос на Македонија.

Со Договорот, имињата на сите јавни институции, државни, културни организации финансирани од државата, ќе бидат дефинирани со терминот „Северна Македонија”, односно ќе станат Aкадемија на науките и уметностите на северна Македонија.