Македонија 30. јуни 2019. / 14:42

Рашковски се јави: Во вторник ќе има прес конференција во врска со аудио снимката

Рашковски се јави: Во вторник ќе има прес конференција во врска со аудио снимката

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ги потсети ВМРО-ДПМНЕ дека во вторник ќе одржи прес конференција во врска со аудио снимката која ја објавија некои портали. Одговорот на Рашковски следи откако ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Рашковски во снимката договара аванта од 7 милиони евра.

-ВМРО ДПМНЕ најверојатно не може да сфати дека не се тие кои ја определуваат динамиката на нашето дејствување.

Кога веќе покажаа дека не разбираат англиски и не знаат што значи Letter of award, нека читаат дека уште завчера на македонски јазик е напишано дека во вторник ќе има прес конференција на оваа тема, одговори Рашковски кусо.