Македонија 05. јули 2019. / 15:54

Рашковски доби предмет – Антикорупциска ќе врши увид на документацијата

Рашковски доби предмет – Антикорупциска ќе врши увид на документацијата

Државната комисија за спречување корупција има отворено предмет по допрен глас од медиуми за случувањата во М-НАВ, сопштија на денешниот брифинг со новинарите. Антикорупциска веќе испратила барање до М-НАВ да добијат увид во тендерската документација.

Писмено барање е пратено и до Владата од која е побарано писмено објаснување во кое својство генералниот секретар Драги Рашковски бил вклучен во посредувањето за договарањето на тендерот.

Се истражува сомнежот што се појави во јавноста дека Драги Рашковски учествувал на тендер за набавка на опрема за радарскиот систем на М-НАВ, кој требало да го добие италијанската компанија „Леонардо”, како и за јавните обвинувања за аудио – снимка снимена во неговата канцеларија.

За вечерва, пак, е најавена нова „бомба“ со генсекот за истата тема.