Македонија 01. декември 2018. / 20:37

Рашиди: Македонците немаат волја да видат дека во Уставот треба да стои албански јазик, наместо 20%

Рашиди: Македонците немаат волја да видат дека во Уставот треба да стои албански јазик, наместо 20%

Пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците, на денешната седница за XXXIII нацрт-амандман на Уставот, истакна дека сите политички чинители треба да се согласат дека без промена на името немаше да имаме никаков договор и тоа беше главната причина зошто Алијансата за Албанците го поддржала договорот, независно што имале забелешки за неговата содржина.

– Амандманот 33 има за цел да го измени името, но истовремено се менува и голем дел од Уставот, за секој член што се менува потребно е да се предложи посебен амандман и сметам дека во оваа насока требаше да имаме 55 амандмани. Од нас Албанците се бара да имаме разбирање за сето ова. Еден дел на нашите сонародници Македонци немаат подготвеност и волја да видат дека во Уставот треба да стои албански јазик, наместо 20 проценти. – рече Рашиди.

Истакна дека Алијансата за Албанците е зачудена како Владата немала разбирање да ги има предвид дел од барањата на албанската опозиција при предлагање на овие амандмани.

– Аргументот дека сега не е време, не држи. Кога е тогаш вистинското време. Кога го бараме ова не сме измислиле ништо ново туку сме виделе како функционираат земјите со висока демократија. Кога има добра волја да се надминат етничките разлики се изнаоѓаат начини на решавање. Се надевам во предлог амандманите Владата ќе ги земе предвид нашите барања. – посочи Рашити од Алијансата на Албанците.