Македонија 01. јуни 2018. / 19:00

Рашиди до Заев: Не би ме изненадило Никола Груевски да го предложите за министер за финансии

Рашиди до Заев: Не би ме изненадило Никола Груевски да го предложите за министер за финансии

Пратеникот од Алијансата на Албанците Сурија Рашиди жестоко го критикуваше премиерот Зоран Заев за проширувањето на Владата со Беса и ДПА.

– Тие кои на критичниот ден за избор на претседател на Собранието не го гласаа Талат Џафери, оти беа против како што велеа кроминалите на ДУИ и не беа во салата, сега имаат шанса да ги поддржат Џафери и вашата Влада. Невидено е како можевте во ек на локалните избори да кажете дека Алијасата е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, кога се уште не беше засушена крвта од 27 април, алудирајќи на нашата соработка со Беса и сега таа партија е дел од Владата. По ова не би ме изненадило Никола Груевски да го предложите за министер за финансии, рече Рашиди.

Премиерот не му реплицираше на пратеникот од Алијасата на Албанците.