Македонија 22. јуни 2020. / 16:48

Рано е да се отворат градинките, можно е таму да се зголеми трансмисијата

Рано е да се отворат градинките, можно е таму да се зголеми трансмисијата

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека се уште е рано да се отворат градинките и најверојатно по разгледување на епидемиолошката состојба и бројките, одлуката ќе се носи понатаму, но засега не.

Во оваа ситуација можно е таму да се зголеми трансмисијата помеѓу децата и од членови на новините семејства што може да предизвика дополнителен проблем, нагласи министерот Филипче.