Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напушта пратеничката група на коалицијата на независните од ВМРО-ДПМНЕ. Во дописок кој пратеникот го испратил до Талат Џафери, го информира претседателот на Собранието дека од 1 ноември во Собранието ќе дејствува како независен пратеник.
По ова независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од осум се намали на седум пратеници.
Рамчиловиќ е пратеник од партијата Здружение за културно обединување на Бошњаците.