Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги објави износите на ваучерите што ќе ги добијат спортските клубови и федерации.
Ракометниот шампион Вардар, спротивно на претходната најава дека нема да добие ниту денар, ќе добие ваучер од 19.000.000 денари или 310.000 евра, додека Еурофарм Пелистер и Металург ќе добијат износ од 17.500.000 денари или 285.000 евра.
Во женските клубови има зголемување за разлика од претходната година, а ваучер со најголем износ доби Металург – 4.000.000 денари, додека голем ваучер доби и тимот на Аеродром – 1.600.000 денари.
Од сите спортски федерации, најголем ваучер добива Ракометната федерација – 16.000.000 денари. Второто место ѝ припадна на Кошаркарската федерација (КФСМ) со 14 милиони денари, а потоа следи Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ) со 12 милиони денари.