Ракета ја погодила воздушната база Таџи, која се наоѓа северно од ирачката престолнина Багдад, објавија предмалку локалните медиуми.
Според извештаите, во базата се сместени голем број американски војници, што ја прави цел за шиитските милитантни групи поддржани од Иран, по атентатот на САД врз иранскиот генрал Касем Сулејмани.
Два дена пред нападот на Таџи, ракети паднаа во ирачката воздушна база северно од Багдад каде се наоѓаа американски трупи, при што беа повредени четворица локални жители.
Во соопштението на ирачката армија се вели дека осум ракети од типот „Катјуша“ паднале во воздушната база „Ал-Балад“, при што биле повредени двајца ирачки офицери и двајца цивилни лица.
Ал-Балад е главната воздушна база на ирачките Ф-16, купени од САД со цел да се надоградат воздушните капацитети на земјата.
Базата имала мал контингент од Соединетите држави, како и американски изведувачи, но мнозинството било евакуирано поради тензиите што се појавија меѓу САД и Иран во текот на изминатите две недели, изјавија воени извори за АФП.