Македонија 25. јуни 2020. / 12:55

Рафајловски: На ВМРО ДПМНЕ програмата е постабилна, а СДСМ ветува нешто што не може да исполни

Рафајловски: На ВМРО ДПМНЕ програмата е постабилна, а СДСМ ветува нешто што не може да исполни

Рафајловски изјави дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е многу постабилна во делот на желбите и можностите, дури предвидувањата дека оваа година ќе се оди со -5% БДП, а ќе порасне помеѓу 4% и 5% БДП-то  на годишно ниво за еден мандат што звучи реално.

Од друга страна СДСМ има ветувања доколку се погледне растот на Буџетот и останатите параметри не можат да се исполнат. СДСМ не може да зголеми пензија до толку или пак плата кога се знае колкав буџет има Македонија и со каква криза се соочува.

Оној пораз кој што треба да го доживееме во наредните години не можат да се остварат поголем дел од мерките што се замислени. И тоа, таа разлика е драматична за жал поголема во СДСМ и нивната програма, во ВМРО таму е постабилна, морам да кажам, нека се лутат кој како сакаат, не зафаќам страна, нагласи бизнисменот Горан Рафајловски утринава во една од утринските програми.