Aкадемик Радован Павловски, одговарајќи на прашање за ставот на Бугарската Академија на науките дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, што беше усвоено и во декларација од бугарскиот парламент, порача дека станува збор за државен јазик на кој ги напишал своите дела за кои има светски признанија.
– Јас на тој јазик имам светски признанија и преведен сум и на бугарски. Ниедна соседна држава, ни една академија не може ни да ми го даде ни да ми го земе јазикот. Не може да се одрекува ниту постигнатиот и потпишан договор односно не може секое решение да се оспорува – изјави Павловски.
Во однос на дебатата околу Гоце Делчев, академикот кажа дека е надисториоска и наднационална личност.