Изборниот законик ќе претрпи промени во пресрет на пролетните предвремени избори, но изборниот модел останува ист. Додека вчера малите партии дебатираат за нов начин на избор на пратеници, големите се договорија дека пратениците и понатаму ќе се избираат во шест изборни единици и преку затворени кандидатски листи.
Пратеникот Артан Груби вели на вчерашната средба на работните групи на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ усогласен е текстот за измени на Изборниот законик и наскоро ќе се најде во собраниска процедура.
Иако со месеци наназад трите партии преговараа за суштински измени на изборниот модел сепак останаа на различни страни. ВМРО ДПМНЕ и понатаму сметаат дека најдобро решение е мнозински модел со 120 изборни единици.
СДСМ предлагаше една изборна единица и отворени листи. Премиерот Зоран Заев и на вчерашната дебата со Собрание повтори дека останува да се залага за овој концепт, но неопходен е консензус меѓу сите партии за истиот да се вметне во Изборниот законик.
Измените кои сега се предлагаа ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР за подобрување на изборниот процес. На 12-ти април пратениците ќе се бираат според пропорционалниот модел како и во изминатите изборни циклуси.