Македонија 24. март 2020. / 15:09

Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на корона вирусот

Работниците да го пријавуваат непочитувањето на мерките за превенција на корона вирусот

Државниот инспекторат за труд апелира граѓаните да ги пријавуваат сите евентуални непочитувања на мерките за заштита и превенција на ширењето на корона вирусот на нивните работни места. Преставките и пријавите велат од Инспекторатот ќе останат анонимни, а по нив веднаш ќе биде постапено.

Од Државниот инспекторат за труд најавуваат и особено засилени контроли во производствените погони во кои работат поголем број работници.

– Секоја претставка ќе биде анонимна нема да излеземе да кажеме кој пријавил. Граѓаните да не се плашат да пријават. Ние ќе постапуваме веднаш по сите пријави, а тие ќе останат анонимни – вели директорот на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу.

Тој појасни дека граѓаните за нерегуларностите или непочитување на мерките можат да пријават преку веб страницата на Државниот инспекторат за труд или преку кол-центарот. Има дежурни лица кои ги примаат повиците и во зависност од регионот на кој се однесува претставката се информираат подрачните единици за постапување.

Во врска со полаките на граѓаните дека не им се дозволува користење мерка за отсуство од работа за дете до 10 години, Хавзиу истакна дека досега до Инспекторатот пристигнале околу 500 жалби по овој основ.

– Работникот ако има соодветна документација треба само да го извести работодавачот дека ги има потребните документи. Тука завршува нивата работа. Ако има жалби и поплаки тука сме ние да постапуваме и во работни но и во денови од викенд – вели Хавзиу.

Во периодот од 19 до 22 март од Државниот инспекторат за труд биле реализирани вкупно 463 контроли, при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле согласно владините мерки.