На аеродромот ,, Св Апостол Павле” во Охрид денеска ќе биде одбележано пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата ,,Онур Ер”, во организација на тур- операторот. ,,Татилбудур”.
По повод воспоставувањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул, на настанот ќе се обратат министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на ,,Онур Ер” и ,,Татилбудур”.