Македонија 04. јануари 2020. / 20:41

Првиот ден на функција министерот Трипуновски го помина со земјоделците од Могила!

Првиот ден на функција министерот Трипуновски го помина со земјоделците од Могила!

Денот го завршив со посета на општина Могила. И покрај ладните температури се сретнав со голем број земјоделци од општината и поразговаравме за актуелните теми кои ги засегаат, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипиновски.

И во општина Могила проблемите во земјоделството се исти. Субвенциите доцнат, откупот на земјоделските производи оди лошо и со ниски цени, незаинтересираност од власта да ги слушне нивните барања и многу други проблеми.И од Могила го ветувам истото: Со сите сили и целата моќ што ја имам како технички заменски министер ќе се трудам и ќе работам да ги спречам манипулациите и притисоците кои ги трпат земјоделците од овој регион изминативе години. Земјоделците во мене можат да гледаат заштитник кој неуморно ќе се бори за нив!, напиша Трипуновски.