Македонија 30. септември 2020. / 16:48

Првиот час во Гостивар ќе започне онлајн, само во две училишта физичко присуство 

Првиот час во Гостивар ќе започне онлајн, само во две училишта физичко присуство 

Одвивањето на наставата во гостиварските училишта ќе се одвива онлајн. Министерството за образование и наука дало согласност за три училишта во кои образовниот процес може да се изведува со физичко присуство. Полицијата како превентива ќе биде присутна околу училиштата во кои ќе се изведува и следи настава, посебно во текот на големиот одмор,

Одговорната за образование во општина Гостивар Аслијан Снопче на денешниот состанок со директорите на училиштата, претстваници на МВР и други институции, информираше дека само во ОУ „Ѓон Бузуку“ во селото Србиново кое има уште четири подрачни училишта и ОУ „Лирија“ во Равен во чиј склоп работат училиштата во Вруток и Речане и двете подрачни училишта на училиштето „Единство“ во селата Лакавица и Беловиште добиле согласност за физичко присуство на наставата.

– Во останатите основни и средни училишта наставата ќе се изведува по интернет, таа одлука е на МОН и ние немаме ингеренции ниту пак да делуваме поинаку, рече Снопче

На почетокот на новата учебна година во десет основни и четири средни училишта одговорните јавуваат можни проблеми. Според последните анализи во општина Гостивар десет проценти од учениците (околу 900) имаат потреба од некаков електронски уред компјутер, таблет или смартфон.

Од ОВР Гостивар најавија превентивни активности, пред сè преку непосредно полициско присуство околу училиштата во кои ќе се изведува и следи настава, посебно во текот на големиот одмор, во периодот на меѓусмените и по завршување на наставата, најчесто на автобуските постојки. Планирано е, исто така, да се продолжи со засилените контролни активности во возилата кои вршат јавен превоз на ученици.

Учебната година утре треба ја започнат 8.635 ученици и над 1.500 наставници и помошен кадар. Во општина Гостивар има вкупно 610 паралелки во кои се изведува настава на турски, македонски и албански јазик. Првиот училишен час утре ќе почне и за 660 првачиња.