По десет дена поминати на Инфективната клиника во Скопје, Љубе Бошкоски го победи корона вирусот и од неодамна повторно е во својот дом во родното село Челопек. Тој вели дека како и многу граѓани сметал дека Ковид-19 е теорија на заговор, односно го изедначувал со сезонскиот грип. Но, кога се соочил со него, тогаш вистински ја сфатил сериозноста.
Како што раскажува за „Фокус“ на почетокот немал симптоми, а се тестирал бидејќи сакал да оди во Хрватска.
-Но, по пет-шест дена ситуацијата стана сериозна. Имав многу силна главоболка, која веќе беше неподнослива, па затоа и завршив на Инфективната клиника.