Македонија 13. март 2020. / 16:08

Првата заболена од корона вирус во Македонија утре ќе биде пуштена дома

Првата заболена од корона вирус во Македонија утре ќе биде пуштена дома

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека пациентката којашто беше прва заразена со корна вирус во Македонија, утре треба да биде пуштена дома.

Оваа 50-годишна скопјанка била негативна на повторниот тест и од утре ќе биде на домашно лекување.

Како што информира Филипче, во моментов во Македонија има 13 забележани случаи на корона вирус, откако позитивни биле тестовите на четири лицаод Дебар. Тие се поврзани со брачната двојка од овој град кои беа регистрирани како втор и трет пациент.

Четвторицата новозаболени ќе бидат префрлени на Инфективната клиника. Осум пацинети се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, која е на граница да биде поставена на машина за дишење.