Македонија 09. март 2020. / 15:39

Првата пациентка заболена од корона од утре слободно ќе се шета во Скопје?

Првата пациентка заболена од корона од утре слободно ќе се шета во Скопје?

Денеска или утре надлежните ќе одлучат дали првата заболена од корона вирус во Македонија ќе биде пуштена од Инфективната клиника, а за тоа ќе се одлучи откако ќе се видат резултатите од контролниот тест.

Истовремено, треба да се одлучи и за патниците кои заедно со неа се враќале од Италија дали и натаму ќе бидат во самоизолација или ќе смеат да се движат меѓу луѓе. Ним утре им завршува 14-дневниот карантин.

Денеска или во текот на утрешниот ден ќе се направи контролниот тест на првата пациентката со коронавирус, па ќе знаеме во кој момент ќе биде пуштена од Инфективната клиника. Утре поминува 14-дневниот карантин на нејзините сопатници. Ќе се направи клинички преглед и интервју со епидемиолозите и врз основа на тие  податоци ќе се одлучи дали ќе се направи тестирање или ќе се продолжи мерката за изолација, согласно за нивната здравствена состојба. Уште еднаш упатувам смирувачка порака – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот информираше и дека вчера е прогласена црвена зона во 14 провинции на Ломбардија.

Сите тие мерки за изолација важат за сите луѓе коишто се затекнати, без разлика дали се жители или се државјани на други земји, што значи дека на нив им е забрането патувањето – рече Филипче.

Од вчера авиокомпанијата Визер ги суспендираше сите летови со ризичните региони во Северна Италија.

Утрово испративме и барање до Стопанска комора за информација од секторот туризам, дали се очекува и дали имало организирани патувања за празникот и доколку имало кои се тие агенции, кога ги очекуваат да се вратат патниците со цел да знаеме претходно пред да се појават на граничните премини – додаде Филипче.