Македонија 06. април 2020. / 12:45

Прва жртва од корона вирусот во Кочани

Прва жртва од корона вирусот во Кочани

Едно лице од Кочани починало од корона вирус, потврди  градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот.

Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот. Општината е вклучена во помагање да се организира погребот.

-Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје, рече Илијев.
Станува збор за 40-годишен маж, кој престојувал во Италија, и бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Скопје.