Македонија 19. април 2020. / 12:00

Прв Велигден без верници во црквата во Дебар

Прв Велигден без верници во црквата во Дебар

Православните верници во Дебар радосната вест за Христовото воскресение го дочекаа во своите домови,врз основа на препораките на МПЦ-ОА и Владата, поради пандемијата со коронавирусот.

Црвката „Света Петка“ никогаш не била така празна. Велигденската литургија ја одржа Намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски, а со него беше само свештенослужителот.

По традиција Христовото воскресение дебрани го дочекуваа во многу поголем број,зашто освен постојаните жители, кои се малку по број, присиствуваа и многу дебрани кои живеат во Скопје или други градови во државава, а по традиција тука доаѓаа за големиот празник.

Во текот на ноќта,поради полицискиот час, празни беа и улиците во градот.

Масовното доаѓање изостана и од поранешните жители и нивните потомци во селата на Мала Река, Осој, Гари, Тресонче, како и селата Долно Мелничани и Битуше.

За овој Велигден ќе изостане и вековната традиција, по која е познат дебарскиот крај, на посета на православните домови од страна на соседи, пријатели,колеги од исламската религија а ќе ја нема и традиционалната посета на дебарскиот муфтија во седиштето на Парохијата.