Македонија 21. октомври 2020. / 20:00

Прв состанок на групата за реформи на основното образование

Прв состанок на групата за реформи на основното образование

Почна да работи групата која ќе ги прави реформите во основното образование. Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа прв состанок со претставници на групата во која се вклучени вработени во Бирото за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основното образование, УНИЦЕФ и од Македонскиот центар за граѓанско образование.

Како што информира МОН, на состанокот Царовска нагласи дека нејзина и заложба на Владата е обезбедување квалитетно образование за сите деца.

Планот е да создадеме образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Во фокусот на реформата ќе бидат учениците, како и наставниците кои треба да бидат поддршка во учењето на децата, истакна Царовска.