Македонија 11. јануари 2021. / 09:20

Прооден е патниот правец Маврово – Дебар

Прооден е патниот правец Маврово – Дебар

Од АМСМ информираат дека патниот правец Маврово – Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила.

Вчера доцна попладне од безбедносни причини (одрони и паднати дрва) беше воведена забрана за движење на сите типови на моторни возила од мавровската крстосница до Дебар.