Македонија 13. март 2020. / 17:13

Променето работно време на шалтерите на Катастар

Променето работно време на шалтерите на Катастар

Агенцијата за катастар на недвижности согласно препораките од Владата за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот Ковид-19, информира дека шалтерите во Центарот за катастар на недвижности – Скопје од денеска ќе работат со работно време од 7:30 до 15:30 часот.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните кои ќе имаат потреба од услуги или некакви консултации, доколку е возможно тоа да го прават по електронски пат.

Голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб-страницата www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија 0800 80 800.