Пред нешто повеќе од една година, додека пиевме кафе со еден драг пријател (сега пратеник на СДСМ) во летната бавча на една слаткарница во центарот на Скопје, случајно проаѓаше професорката Гордана Сиљановска Давкова.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Не препозна, мене како нејзин студент а пратеников како колега професор, не поздрави и по нашата покана седна да поразговара со нас.
На широко разврзавме за политика, за актуелните случувања, за владеењето на правото и за се останато. Се потсетивме на нејзините предавања, на заложбите на шарената револуција која јас така жестоко ја критикував и на многу други работи.
На крај пред заминување, ви се колнам, и реков “Професорке, за година дена ќе има избори. Мислам дека само жена како вас може да ја спаси државава.“. Скромно се насмеа, ми се чини од скромност не сакаше да ја прифати мојата констатација. Но го забележав жарот во очите, истиот жар што во неколку наврати можев да го приметам во оваа кампања. Станавме од слаткарницата, а јас нормално пред да заминам кон дома ја испратив професорката и на тротоарот муабетите ни траеа уште цели 20 минути.
Од тогаш па наваму, со професорката Сиљановска ниту сум се чул, ниту сум се видел. Единствено, преку меил и направив интервју за словенечкиот неделник “Демокрација”, каде што сум дописник и редовен колумнист. Интервјуто беше одлично, се појави во нашите медиуми па се надевам дека сте го прочитале или ќе го прочитате.
За нашата тогашна, случајна но темелна средба, во денешното издание на “Независен Весник”, зајадливо раскажува Румена Бужаровска. Не можам да знам од каде се “брифирала”, па уште открива и во која слаткарница сме седеле. Неважни се ваквите мрачни ликови како Румена, полни со политички радикализам и немање разбирање за нормалноста. Но, морам да признаам дека оваа маргиналка ме мотивираше да ги напишам овие зборови.
Една година по средбата, со професорката се најдовме на условно кажано спротивни страни. Јас како уредник на медиум кој јавно даде поддрша за кандидатот Владимир Ѓорчев на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, а таа како кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ. Со Влатко споделуваме идеологија и визија, со професорката само визија за тоа како треба да изледа Македонија: Како нормална држава!
Сепак, јас сум новинар а не политичар и во оваа кампања мислам дека си ја завршив работата и медиумот кој го водам известуваше избалансирано за сите кандидати. Се разбира, покрај тоа што сум новинар, јас сум и човек, а човечки е да навиваш за некого: Јас навивам за Сиљановска и се надевам на нејзино убедливо водство во недела.
За Пендаровски и покрај се, неможам да кажам дека е лош човек (со него сум јадел лахмаџун драга Румена), ама морам да ви признаам дека симпатиите ми се на спротивната страна. Таков сум, секогаш на страната на правдата, никогаш на страната на силата. За жал, тој одлучи да биде за Северна и 102.7% да ја поддржува актуелната корумпирана клика. Биди си ти друже за Северна, јас ќе си бидам за срцето.
Професорке, со среќа во недела! Стискам палци за ваша победа, а ако победите, фер би било да почастите слатка и кафе во слаткарницата Крин, ќе ја викнеме и Румена Бужаровска.