Македонија 05. ноември 2018. / 19:43

Професор од Оксфорд: Преспански договор е тоталитарен и треба спротивставување

Професор од Оксфорд: Преспански договор е тоталитарен и треба спротивставување

Професорот Џејмс Петифер, кој предава балканска историја на универзитетот „Сент Крос“ во Оксфорд, уште еднаш на својот профил на Твитер изнесе критики за Преспанскиот договор, нарекувајќи го тоталитарен.

„Германска фантазија, чудна мешавина на опстанокот на Ранке и догматскиот механички марксизам во психата на ЕУ. Историското пишување не е наука во таа смисла. Ја покажува тоталитарната основа на Преспа и потребата од спротивставување“, твитна тој како реакција на твитот на борецот за македонската кауза и поранешен почесен конзул на Македонија, Џејсон Мико: „Родители, наставници, баби и дедовци и сите други загрижени за образованието на македонските деца: Бидете подготвени да ги видите променети учебниците, мапите, атласите и наставните водичи што ги користат вашите деца, и тоа драматично променети“.