Предлогот на Зоран Заев, во април и мај сите функционери, но и сета јавна администрација да земаат само 14.500 денари, односно минималец, нема правна основа, смета професорот на Правниот факултет, Борче Давитковски.
-Државата може да им ја намали платата на сите функционери, министри, на пратениците, но не и на вработените во јавниот сектор без некој правен основ, вели Давитковски за Фактор.мк.
Според него, не може „ан блок“ да се намали плата на сите.
-Може владата ако сака да испрати донекаде политичка порака, да намалува така плата на функционери, но без правна основа не може на сите линерано. Значи, тие што се носители на функции да, но за другите не, затот што секој ја врши својата работа. Може да се намалуваат плати со казни и дисциплински, но не вака незаконски, без направен ребаланс, без буџети и без одлуки, вели професорот.