Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Минатото рочиште се одложи поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.
Во случајот „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Билјана Бришковска Бошковски.