Македонија 21. април 2020. / 16:28

Продолжува дистрибуцијата на пакети за социјално загорозените кумановци

Продолжува дистрибуцијата на пакети за социјално загорозените кумановци

Екипите на општинскиот штаб за заштита и спасување и денеска доставуваат пакети за социјално загрозените семејства.

Граѓаните можат да се јават на телефоните 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494 и да добијат пакети со храна и средства за хигиена и дезинфекција.

-Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, ве молиме испратете СМС порака со име и презиме, адреса и телефонски број за контакт, повика кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општинскиот штаб и денеска продолжува со бесплатна дистрибуција на заштитни маски на граѓаните на повеќе пунктови во градот, меѓу нив пред општината и пред некоку банки во градот.